Search

Спектакуларен пречек на Ѓоковиќ во Белград (ВИДЕО)

Повеќе од 10.000 луѓе се појавија пред Собранието на Белград за да го поздрават Новак Ѓоковиќ, кој вчера по седми пат во кариерата го крена пехарот на Вимблдон.

Платото пред Стариот двор беше претесно за да ги прими сите фанови кои сакаа да се поздрават со најдобриот српски тенисер во историјата и сопственик на 21 Грен слем трофеј, од кои седум на Вимблдон и рекордер по бројот на недели на врвот на АТП листата.

Српскиот тенисер беше пресреќен да ја подели радоста со своите сограѓани. Само некои од најсреќните добија потпишани тениски топчиња од легендарниот тенисер.

„Добро ве најдов, добра вечер Србија. Ова се дефинитивно најубавите моменти во мојот живот. Кога имам благослов да се занимавам со спортот кој толку многу го сакам, во кој успеав да направам големи работи, можам да се вратам и да славам со нашиот народ. Ви благодарам, вие сте прекрасни.

За ваквите моменти вреди да се живее, да се работи, да се игра тенис. Трофеите се минливи, но овие моменти каде што заедно го делиме успехот, засекогаш ќе ги носам во моето срце“, рече Ѓоковиќ.

„Вимблдон го гледав прв пат кога го освои Пит Сампрас, за мене таа слика со терен на трева е симбол за тенис. Затоа имам мотив таму да го играм својот најдобар тенис. Но вистината е дека играм добро таму затоа што тревата е вкусна! Превкусна трева! И некако сум секогаш гладен за таа трева кога ќе дојдам во Лондон“, кажа на шега шампионот.

Треба да знаете
Последни објави