Search

Скопјанка со „ибица“ удрила во две паркирани „БМВ-а“ во Гостивар и завршила во болница

Дваесет и осум годишна девојка од селото Долно Лисиче скопско, доцна синоќа по 3 часот удрила во две паркирани возила на булеварот „Браќа Ѓиноски“  во Гостивар и со тешки повреди завршила во болница.

„Патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник“, информираа од МВР.

По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави