Search

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет

Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.
Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото.
По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.
Треба да знаете
Последни објави