Search

Охридски малолетник фатен со 1050 фалс евра и марихуана

На 09.07.2022 година во 22.30 часот во СВР Охрид е приведен е 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупeн износ од 1050 евра и дрога.

Имено, при преглед извршен на ул.„Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана.

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

На 10.07.2022 во 00.15 часот, во СВР Охрид е лишен од слобода А.Н.(30) од струшкото село Велешта. П
ри преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол” и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (10.07.2022) во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода се Е.П.(38) и О.С.(39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициски службеници го затекнале О.С. како му дава ќеса со кокаин на Е.П.. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави