Search

Полицијата при претрес во дом кај кумановец освен пакувања дрога пронашла и десет мигранти

Кумановската полиција при претрес кај кумановец кај кого вчера пронајде пакувања дрога пронашла и десет мигранти, од Сирија и Пакистан соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле претрес во напуштена викенд куќа во место викано „Ново Куманово”, каде повремено престојувал Д.С.(41), при што биле пронајдени десет лица мигранти (пет од Сирија и пет од Пакистан), соопшти полицијата.

Претходно, вчера, Д.С. беше приведен затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени седум пакувања дрога.

Треба да знаете
Последни објави