Search

Шкендија го победи Арарат, Академија Пандев пред висок пораз во Полска

Половичен успех на македонските екипи вечерва во  фудбалската Конференциската лига на УЕФА. Шкендија на „Тодор Проески” во Скопје забележа победа над Арарат од Ерменија со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.

Стрелци на головите за тетовци беа Аденис Шала во 21. и Валмир Нафиу во 45. минута.

За разлика од Шкендија, Академија Пандев се наоѓа пред висок пораз на гостувањето во Гдањск кај Лехија. По 45 минути полскиот тим води со 3:0.

На овој меч од 8. минута имаше 30.минутен прекин поради тепачка меѓу себе на домашните навивачи.

Треба да знаете
Последни објави