Search

Рибакина противничка на Жабер во финалето на Вимблдон

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласира во финалето на гренд-слем турнирот Вимблдон.

Во полуфиналето Рибакина попладнево ја победи Романката Симона Халеп во два сета – 6:3, 6:3 за еден час и 17 минути игра.

Во финалето Рибакина ќе се соочи со Онс Жабер од Тунис. Мечот за титулата е закажан за в сабота (9 јули).

Вкупен награден фонд на Вимблдон изнесува 49 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави