Search

Американската кошаркарка Грајнер се изјасни за виновна за шверц на дрога во Русија

Кошаркарката Бритни Грајнер, која е обвинета за шверц на масло од канабис, пред судот во Химки изјави дека целосно ја признава вината.

Грајнер беше приведена на 17 февруари на аеродромот Шереметјево. Таа се товари за шверц на дрога и нелегално транспортирање. Таа се соочува со затвор од пет до десет, како и со парична казна.

Ова беше второ рочиште за случајот Бритни Гринер, аследното ќе се одржи на 14 јули.

Бритни Грајнер е двократна олимписка шампионка со тимот на САД.

Треба да знаете
Последни објави