Search

Лавчињата во ЗОО Скопје добија имиња – Хана, Ана и Луна

Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје, пишува во ФБ објавата на Зоолошката градина во Скопје.

„Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години“, пишува во објавата на ЗОО Скопје.

Треба да знаете
Последни објави