Search

Модриќ: Бензема ја заслужува Златната топка, ги замолчи сите критичари

Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ ја пофали играта на својот клупски соиграч Карим Бензема. Тој верува дека 34-годишниот Французин ја заслужува „Златната топка”.

– Бензема е еден од најголемите фудбалери со кои сум играл. Секако дека ја заслужува Златната топка бидејќи имаше одлична сезона. Кога неговите способности беа доведени во прашање, Карим не се откажа, веруваше во себе и на критиките одговараше со талент, работа и борба. Ги замолчи сите критичари и ги претвори во свои обожаватели, изјави Модриќ.

Хрватот зборуваше за односот со Бензема.

– Се разбиравме од првиот ден. Меѓусебното почитување е основата на пријателството. Веќе десет години ја делиме истата судбина во Реал Мадрид, додаде Модриќ.

Французинот постигна 44 гола и забележа 15 асистенции во 46 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања минатата сезона. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави