Search

Дурант ги кажа условите за да игра за Мајами

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент побара размена, а Мајами е наведен како негов префериран тим.

Кевин е подготвен да се приклучи на „жешките” од Мајами, но под одредени услови.

Според инсајдерот на „Атлетик”, Сем Емик, Дурант сака да игра во истиот тим со Џими Батлер, Бам Адебајо и Кајл Лоури.

Така, клубот од Флорида треба да го трејдува Дурант и при тоа да ги задржи актуелните лидери.

Претходно беше објавено дека во случај на трејд со Хит, тимот на Бруклин за возврат ќе го бара Адебајо.

Треба да знаете
Последни објави