Search

Шкупи директно во главната фаза во Лигата на шампиони футсал

Македонскиот првак во футсал Шкупи ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампиони од главната фаза и како домаќин ќе ги дочека квалификациите закажани за во октомври, објави УЕФА.

Во конкуренција на 56 екипи од 52 европски земји, Шкупи е рангиран на 21 место, што му донесе привилегија да ја прескокне прелиминарната фаза.

Жрепката за составот на групите е закажана за 7 јули во седиштето на УЕФА во Нион.

Новата сезона во Лигата на шампиони ќе стартува со натпреварите во квалификациските групи од прелиминарната фаза на крајот на август, додека главната фаза ќе се игра од 25 до 30 октомври.

Треба да знаете
Последни објави