Search

Тренчевска за Трилинг: Оперативниот план за вработување нуди можности за нови вработувања и задржување на младите во земјата

„Недостигот на работна сила е проблем на кој што треба да му пристапиме од повеќе аспекти и не е проблем кој што се создава за година две или три, ако ги земаме наназад политиките во образованието кои беа погрешни,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Таа се осврна на успешноста на мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, кои се во насока на задржување на младите во земјата и нивно насочување кон приватниот сектор​.  И притоа ја истакна мерката за самовработување преку која на 2000 невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување им се нуди поддршка од 5000 евра за отпочнување  сопствен бизнис, мерка која е  100 проценти  искористена и поради тоа секоја година  бележи зголемување на буџетот и бројот на лицата вклучени во неа.

 

Треба да знаете
Последни објави