Search

Роналдо за една недела го чекаат да пристигне во Рим

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Анџело ди Ливио најави денеска дека напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, најдоцна за една недела би можел да потпише договор со калчолигашот Рома, јавија денеска италијанските медиуми.

Ди Ливио во разговор за „Ретеспорт” рече дека постои голема шанса португалскиот фудбалер да се врати во Италија, каде претходно настапуваше за Јувентус.

– Рома сериозно работи на ангажирање на Роналдо. Знам дека тоа е нешто што би го шокирало светот. Тоа што ми е познато е дека Рома веќе на 7. јули би можела да објави дека Роналдо е нов играч на овој клуб, изјави Ди Ливио, кој во кариерата одигра 40. натпревари во италијанскиот дрес.

Најавувајќи ја можноста за сензационално враќање на Роналдо во Серија А, Ди Ливио потсети дека португалскиот капитен соработуваше со својот сонародник Жозе Мурињо во редовите на Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави