Search

Мојсовска со воздушна пушка испука 14. место, џудистот Чакаровски без борба во второто коло на МИ

Македонската претставничка Анастасија Мојсовска денеска во дисциплината воздушна пушка – жени на Медитеранските игри во Оран, Алжир, имаше солиден настап и во силна конкуренција го освои 14 место.

Мојсовска испука 619,8 кругови со серии: 103,5 102,0 104,2 103,0 102,2 104,9 и остварениот резултат е во рамки на очекуваното за младата јуниорка, која го држи македонскиот рекорд од 622,1 кругови.

На Медитеранските игри во алжирскиот град Оран, македоскиот џудист Андреј Чакаровски без борба се пласираше во второто коло, откако неговиот прв противник, Либанецот Сагаипов, не се појави на татамито.

Треба да знаете
Последни објави