Search

Јувентус се прости од Дибала

Јувентус потврди дека напаѓачот Пауло Дибала го напушта клубот. Денеска на Аргентинецот му истекува договорот со торинскиот клуб.

Пауло го напушта Јувентус како слободен играч.

– Тој дојде во Торино како млад и талентиран, а сега се збогува со Јуве, земајќи го со себе богатството на искуство што го направи шампион каков што е денес. Пауло помина седум години во црно-белиот дрес, одигра 293 натпревари, постигна 115 гола, даде 45 асистенции и освои 12 трофеи. Сега неговата кариера ќе продолжи надвор од Торино. Овие бројки, ако ги погледнете повнимателно, кажуваат многу за историјата на клубот. На пример, Пауло е деветти најдобар стрелец во историјата на Јувентус, тој е десетти најдобар стрелец во Серија А, трет стрелец на Јувентус во европските натпреварувања со 18 гола во Лигата на шампионите. А кога сме веќе кај головите, Дибала е играчот со најмногу постигнати голови на „Алијанц” стадионот (68 гола) во сите натпреварувања. Ова е „бјанконерот” кој постигна најмногу надвор од шеснаесетникот (25 гола) во Серија А. Седум години заедно беа исполнети не само со голови и победи, туку и со моменти на мајсторија, незаборавни вечери и настапи на највисоко ниво. И за сето ова секогаш ќе му бидеме благодарни.
Среќно, Пауло! – се вели во соопштението на Јувентус.

Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од Палермо. Претходно играше во неговиот матичен клуб Институто.

Треба да знаете
Последни објави