Search

Манчестер Јунајтед тргнува по Бастони

Раководството на Манчестер Јунајтед испратило барање до Интер за централниот дефанзивец Алесандро Бастони, тврди „Дејли мејл“. 23-годишниот италијански репрезентативец е трансфер цел на Тотенхем, а „нероаѕурите“ го бараат за околу 50 милиони фунти.

Според Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу лондончани и Интер се во напредна фаза и покрај интересот од Манчестер Јунајтед, самиот играч сака да се пресели во Тотенхем за повторно да соработува со Антонио Конте.

„Спарс“ веќе привлекоа играч на Интер во лицето на Иван Перишиќ. Пред неколку дена „Кориере дело Спорт“ објави дека Конте сака повторно да соработува со поранешниот голгетер на „нероазурите“, Ромелу Лукаку, но се чини дека Белгиецот ќе се врати во Интер наместо да го замени Челси со други лондонски клубови.

Треба да знаете
Последни објави