Search

Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ”

Со доделување на стартните пакети денеска почнува манифестацијата „Охрид трчаТ”, чиј централен настан односно атлетската трка е се одржи в недела.

Според најавата на организаторот здружението „Охрид трчаТ”, за вечер предвидена е ноќна трка пропратена со хуманитарна забава и концерт.

– Ревијалната трка од два километри ќе почне во 21 часот пред плажата „Куба либре” и е без натпреварувачки карактер. Ги повикуваме сите рекреативци, кои сакаат да наполнат позитивна енергија да дојдат и да учествуваат. В сабота за кога се предвидени разгледување на Охрид, посета на Свети Наум, ноќно крстарење и панел дискусијата која редовно ја организираме со цел да ги афирмираме пошироко информира на прес-конференција директорот на атлетската манифестација Иван Цветкоски.

На настанот, како што посочи, најавено е присуство на над 1.300 учесници, спортисти и рекреативци од 18 држави.

– Главниот настан е в недела, од 8 часот и 30 минути со првата трка на 21 километар, чиј старт е на кеј „Македонија” пред хотел Палас, каде ќе има вкупно 330 учесници, додека стартот на трката од пет километри е во 8 часот и 35 минути, со 980 пријавени учесници, истакна Цветкоски.

За одржување на трката, според Јоне Станкоски претставник од „Охрид трчаТ”, предвиден е посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот.

– Со оглед дека улицата „Македонски Просветители” се реконструира, во еден дел ја заобиколуваме за трчање и се пренасочуваме кон „Мите Богоевски” и „Даме Груев”. Се трча по улиците „Кеј Македонија”, „Македонски Просветители”, „Партизанска”, „Јане Сандански”, „Димитар Влахов”, „Мите Богоевски”, „Даме Груев”, „Туристичка”, „Абас Емин”, „Кирил и Методиј”, „Илинденска”, „Коста Абраш”, „Свети Наум Охридски”, „Кузман Јосифовски” и патека Студенчишта. Трката се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците трчаат два круга, а трката на 5К се трча еден круг, но тие вратат кај Ројал и одат кон целта преку „Партизанска” и „Македонски Просветители” во делот кој е пуштен за употреба, појасни Станкоски.

За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.

Треба да знаете
Последни објави