Search

Ахмети: Жал ми е за партиите кои „плачат“ колку пари трошиме за роденденот на ДУИ

Денеска е роденден на сите оние кои придонесоа за искоренување на дискриминацијата и градење на еднакво општество, истакна денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето излагање на панел дискусија на тема: „Родовата интеграција во последните 20 години“ организирана во рамки на прославата на ДУИ на 20 години постоење.

Рече и дека ги жали опозициските партии кои „плачеле“ колку пари ДУИ троши за прославата на роденденот.

– Денес роденден слават сите тие кои придонесоа да нема дискриминацијата и да се изгради еднакво општество. Денес роденден слават сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја, а не како кираџии како што беа до 2001 година. Жалам кога ги слушам опозициските партии како ронат „крокодилски солзи” дека сме трошеле многу за роденденот на ДУИ. Денес имаме едно многу толерантно општество, изјави Ахмети и посочи дека иднината на државата е заедно да се водат процесите напред.

Треба да знаете
Последни објави