Србиноски летово ќе биде спортски директор во КФМ место Гечевски

Поранешниот селектор Марјан Србиноски претстојново лето ќе го менува Тодор Гечевски на функцијата спортски директор во Кошаркарската федерација на Македонија. Рокадата ја обелодени КФМ, а образоложението е дека во наредниот период, Тодор Гечевски нема да може да ја извршува оваа обврска поради приватни неодложни работи.

-Во овој период кој е пред нас, морам да решавам некои ситуации кои се од приватни причини, и кои од мене бараат и определно отсуство од одговорната функција која ја имам во федерацијата. Но останувам тука, навистина со намалено присуство во работата која ја презема Марјан Србиноски. Човек со кој отсекогаш сум имал одлична соработка, и за кој сметам дека ќе одговори на барањата кои со себе ги носи функцијата на спортски директор на федерацијата. Ќе бидеме во постојана комуникација, му стојам на располагање за се што ќе му биде потребно во работата– вели Гечевски.

Треба да знаете
Последни објави