Надал има „мртво стапало“ поради кое ја прекинува кариерата по „Ролан Гарос“

Шпанскиот тениски експерт и новинар на „Кадена Копе“, Анхел Гарсија откри шокантни детали за повредата на Рафел Надал, поради која ќе ја заврши кариерата по настапот на „неговиот“ гренд-слем турнир „Ролан Гарос“ во Франција каде преку првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ стаса до полуфиналето. Анхел Гарсија открива дека Надал решил да преземе ризичен чекор со анестезирање на стапалото за да не ги чувствува болките, се со цел да дојде до својата 14. титула на Ролан Гарос.

Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.

-Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можеби ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по „Ролан Гарос“ и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека „Ролан Гаро“с е вреден за тоа, открива Гарсија.

Треба да знаете
Последни објави