Search

Џони Деп: Поротата ми го врати животот

Поротата во средата едногласно донесе одлука во корист на Џони Деп во неговата мултимилионска тужба за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд. Неколку моменти по објавувањето на пресудата, Деп, кој не беше присутен во судот, објави изјава на Инстаграм во која вели дека поротата му го вратила животот.

„Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца, животите на најблиските, а исто така и животите на луѓето кои многу години ме поддржуваа и веруваа во мене беа засекогаш променети во една секунда,“ напиша тој во својата прва изјава откако ја доби тужбата. Се чини дека изјавата е напишана на машина за пишување.

Деп продолжува дека медиумите во тоа време се фокусирале на лажни, многу сериозни и криминални наводи против него, што предизвикало бескрајна силва од содржини со омраза“.

Треба да знаете
Последни објави