Search

Работна средба на министерот Спасовски со британската амбасадорка, Галовеј

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство , Н.Е. Рејчел Галовеј на која  и завршува работниот мандат во земјава.

На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото  Кралство во Република Северна Македонија  со Министерството за внатрешни работи  и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави