Search

Делови од Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Карпош утре без вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од  селот Ракотинци околу основното училиште и местото викано Ветрила, Општина Сопиште. Од 09:00 до 11:00 часот, пак, ќе има прекин на струја за корисниците од селата Љубин, Кондово, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје, Општина Сарај, и дел од Волково и Кучково, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од ул. „Лисец”, Општина Аеродром, од 10:30 до 15:30 часот корисниците од селото Бардовци, м.в. Рупа, Општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот  од ул. „Ловќенска” непарни броеви од 25а до 37б, Општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави