Search

(Видео) Кејт Буш напредува на топ-листата благодарение на Stranger Things

Кејт Буш е популарна меѓу љубителите на музиката со децении, но одеднаш доби нова публика благодарение на серијата Stranger Things („Почудни нешта“),

Четвртата сезона научнофантастичната хорор-серија на „Нетфликс“ го собори рекордот на гледаност на стриминг-гигантот за најголем премиерен викенд досега за серија на англиски јазик.

Песната на Кејт Буш од 1985 година, Running Up That Hill, се појавува во првата епизода од сезоната.

Како резултат на тоа, песната стана вирална на социјалните мрежи и сега е на врвот на дневната листа песни на „Спотифај“ во Велика Британија.

Откако беше широко споделена од обожавателите на „Тик-ток“ и „Твитер“, Running Up That Hill го собори Хари Стајлс на место број еден во рангирањето на стримерот за музика.

Таа, исто така, стана четврта најстримувана песна на „Спотифај“ во светски рамки и се најде на врвот на табелата на „Епл ај-тјунс“.

Треба да знаете
Последни објави