Сари го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

 Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го продолжи договорот со клубот до 2025 година.

Сари го презеде тимот минатото лето. Во сезоната 2021/22, римскиот тим заврши на петтото место со 64 бода.

Според „Corriere dello Sport”, Сари ќе добива плата од 3,5 милиони евра годишно.

Во својата богата тренерска кариера Сари има водено 20-ина екипи од кои и фудбалски гиганти какви што се Јувентус, Челзи и Наполи.

Треба да знаете
Последни објави