Англискиот тренер на ЦСКА предвреме си замина од Софија поради расистичко однесување на навивачите

Англискиот фудбалски тренер Алан Пардју го напушти бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија поради расистичкото однесување на дел од навивачите на клубот. Пардју (60 г.) во Софија пристигна во ноември 2020 година како технички директор на ЦСКА. За тренер на „црвено-белите“ беше назначен во април годинава.

Причина за неговото заминување иако имаше договор и за идната сезона се однесувањето на помала навивачка група за време на натпреаврот против Ботев одигран на 19 мај.

-За жал, моето време овде заврши. Настаните пред и по средбата со Ботев беа неприфатливи за мене, мојот помошник Алекс Дајер и за нашите играчи, изјави Пардју.

На мечот со Ботев, кој се одигра само четири дена по поразот на ЦСКА од лутиот градски ривал Левски во финалето од Купот, четворица црни играчи на неговиот тим  беа расистички навредувани и кон нив беа фрлани банани.
Треба да знаете
Последни објави