Бугарите мотивирани: Респект за Македонија, но сакаме победа

Бугарскиот селектор Јасен Петров порача дека ниту е политичар, ниту на мечот помеѓу Бугарија и Македонија (18 часот, Разград) е политичка битка, туку игра во која утре очекува пред сѐ да победи – фудбалот.

Во ек на политичките тензии веќе подолго време со ветото од Бугарија кој Македонија за пристапните преговори со ЕУ, „балканската пресметка“ и од македонската селекција, а и од бугарската не сакаат да прерасне во „битка на политичкиот ринг“, па Петров денеска пред мечот посочи дека фудбалот треба да донесе љубов, а не омраза.

„Фудбалот е најголемата игра, кој радува многу луѓе и на фудбалот гледаме само како игра. Треба да има љубов, а не омраза и јас не сум политичар, ниту имам намера да влегувам во односите на Бугарија и Македонија. Еѐдноставно сакам утре фудбалот да победи“, рече Петров.

Бугарија очекувано очекува победнички да тргне во новиот циклус во Лигата на нациите, исто како и Македонија, а Петров посочи дека не е проблем ако Македонија се смета за фаворит, зашто тие имаат аргументи кои на терен ќе ги покажат.

„Македонија фаворит? Во ред. И ние имаме наши аргументи, кои ќе ги покажеме на терен. За нас не постои важен и помалку важен меч. Сите мечеви ни се еднакво важни и гледаме само на првиот следен противник кој е пред нас. Македонија заслужува респект, но ние сакаме да победиме. И ќе се обидеме да го направиме тоа. А, за критичарите – да се живи и здрави. Поминавме тежок период, тие што нѐ поддржуваат ќе нѐ поддржат, тие што нѐ критикуваат ќе нѐ критикуваат“, додава Петров.

Треба да знаете
Последни објави