Швјонтек ја нанижа 33. победа за полуфинале на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше денеска во полуфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи ја Американката Џесика Пегула со 6-3, 6-2.

За најдобрата светска тенисерка во моментов ова беше 33. победа во серија, а за триумфот над Пегула и беа потребни 91 минута.

Противник на Швјонтек во полуфиналето на турнирот во Париз ќе биде Русинката Дарија Касаткина.

Русинката обезбеди полуфинале со триумфот над сонародничката Вероника Кудерметова со 2-0 во сетови за два часа и пет минути игра.

Треба да знаете
Последни објави