Search

(Фото) Во Загреб гореше гасовод на улица во центарот на градот

Четири лица се повредени во пожар во центарот на Загреб предизвикан од пробивање на гасовод по поправка на водоводна цевка. Според хрватските медиуми, гасните инсталации се запалиле околу 23 часот на локацијата каде багерот неколку часа претходно работел за да се санирааат испуканите водоводни цевки.

Од противпожарната станица во Загреб соопштија дека багерот ја пробил гасната цевка, поради што се запалиле гасните инсталации.

Повредени се четворица работници и им е укажана лекарска помош, јавува загрепски Н1. На лице место излегле пет противпожарни возила и 16 пожарникари за да го изгаснат пламенот висок повеќе од 10 метри. Изгореле и трамвајските жици кои паднале на подот, што предизвикало и големо искрење.

Треба да знаете
Последни објави