Репрезентативците го одржаа последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Бугарија (Фото)

Најдобрата македонска А репрезентација во првиот натпревар од УЕФА Лигата на нации, поточно во Лигата „Ц“ в четврток од 18.00 часот во Разград ќе игра против Бугарија.

Бугарите се можеби нашите најголеми конкуренти за првото место кое води во плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Иако треба да се почитуваат и останатите две селекции во нашата група „Ц4“, Грузија и Гибралтар кои исто така ќе ја бараат својата шанса.

Македонија и Бугарија никогаш не се сретнале во официјален натпревар, сите досегашни меѓусебни средби биле пријателски:

12 април 1995 година Македонија – Бугарија 0:0
28 мај 1996 година Бугарија – Македонија 3:0
25 март 1998 година Македонија – Бугарија 1:0
15 август 2001 година Бугарија – Македонија 1:0
1 март 2006 година Македонија – Бугарија 0:1
14 август 2013 година Македонија – Бугарија 2:0
29 март 2016 година Македонија – Бугарија 0:2

 

 

Треба да знаете
Последни објави