Лигата на нации почна со триумф на Полска

Во воведниот натпревар од новата сезона во Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Полска во дуел во рамки на групата 4 од А дивизијата го совлада Велс на домашен терен со 2-1 (0-0).

Полска пропушти неколку изгледи шанси за водство во првиот дел, а казната за промашувањата дојде во 52 минута кога Вилијамс му донесе водство на Велс.

Сепак, Полска го сврте резултатот во своја корист со два гола во завршните 18 минути на дуелот во Вроцлав преку Камински (75 минута) и Свидерски (85).

Велс настапи без своите најдобри фудбалери, одморајќи ги за финалето од мундијалскиот бараж в недела против победникот од вечерашното полуфинале меѓу Шкотска и Украина.

Треба да знаете
Последни објави