Search

Велешанката Пале останува на слобода- нема да одговара за убиството на сопругот полицаец

Вишото обвинителство Скопје смета дека Основниот суд во Велес донел исправна одлука со ослободителната пресуда за велешанката Павлинка Пале Илкоска, која беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Обвинителството бара од Апелацискиот суд да ја потврди ослободителната пресуда за Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски, објави „Фокус“.

Наспроти колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес кои бараа да се укине ослободителната пресуда и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба, денеска на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, ВЈО се согласи со ослободителната пресуда и побара отрфрлање на жалбата на колегите од основното обвинителство,

„На ден 01.06.2022 година беа закажани рочишта по предметот ’Убиството во Велес‘ на која јавна седница пред Апелациониот суд Скопје јавниот обвинител од ВЈО Скопје предложи да се одбие жалбата на ОЈО Велес како неоснована“, соопштија од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Илкоска, која беше жртва на семејно насилство од партнерот со кого живееше во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случи кога таа во самоодбрана му нанесе рана со нож во септември лани. Дека таа била жртва и се бранела од насилникот потврди и самото обвинителство кога поднесе обвинение.

-Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до нарушување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот, соопштија тогаш од ОЈО Велес.

Треба да знаете
Последни објави