Search

Берлускони по пласманот со Монца во Серија А му се закани на Милан !?

Монца во драматичен плејоф реванш со Пиза дури во продолжение го оствари својот прв пласман во најквалитетната италијанска фудбалска Серија А. Монца славеше со 3-4 на гости против Пиза, по продолженија потврдувајќи го триумфот и од првиот меч (2-1). Настапот во елитната лигашко натпреварување значи и остварување на првата цел на сопственикот Силвио Берлускони и неговиот верен соработник Адријано Галијани, кои изминативе сезони го преземаа менаџирањето на Монца.

Берлускони и Галијани се посебно поврзани со Милан, кој е актуелен италијански првак, а сопственикот на Монца уште во првата порака му се „закани“ на клубот кој беше негова сопственост неколку децении.

– Ова е голем, но и заслужен успех. Едвај чекам да го предизвикаме Милан во регионалното дерби. Нашите амбиции се големи, следна цел е пласман во Лигата на шампионите и освојување на скудетото – изјавил Берлускони.

Треба да знаете
Последни објави