Search

Јокиќ ќе го потпише најскапиот договор во историјата на НБА-лигата

Српскиот кошаркарски интеранционалец Никола Јокиќ втора сезона по ред ја добива наградата за најкорисен играч –  МВП на сезона во најсилната лига на светот НБА. Но од неговиот улинок, тимот на Денвер не профитираше во плеј-офот. Многумина кошаркарски познавачи на приликите во НБА-лигата сметаат дека Јокиќ треба да ја смени средината, доколку сака да освои шампионски престен. Ваквите совети не го менуваат планот на Јокиќ кој наскоро ќе го потпише новиот петгодишен догвор со Денвер и ќе биде најскапиот во историјата на НБА-лигата.

Според најновите информации Јокиќ ќе има догвор тежок 260 милиони долари, со што ќе постане најскапиот играч во НБА-лига.

Треба да знаете
Последни објави