Search

ПМФЛ: Европско лето за Академија Пандев по триумфот над Работнички

Во претпоследното коло од Првата македонска лига составот на Академија Пандев триумфираше во Струмица над Работнички со 2:1.

На тој начин играчите предводени од тренерот Ѓорче Стојчев обезбедија место во квалификациите за Лигата на конференции.

„Пндевци“ на својот стадион „Младост“ водеа по првото полувреме со голот на Маронг во 33 и Велиновски во 44 минута.

„Романтичарите“ успеаја во вториот дел само да го ублажат поразот во 50 минута кога стрелаше Станковски. Брегалница славеше минимално со 1:0 против Тиквеш, а единствениот погодок за штипјани беше дело на Ѓокиќ во 42 минута.

Македонија ЃП дома загуби од Струга Трим Лум со 1:3, стружани стекнаа предност уште во деветтата минута со голот на Босанчиќ.

Истиот играч ја зголеми предност во 21 минута, следуваше уште еден гол на гостите во 56 минута, овојпат стрелец беше Шабани. А пет минути подоцна ѓорчепетровци го реализираа единствениот гол на мечот преку Воша.

Пелистер по подолг период дојде до нова победа, битолчани водеа со головите на Здравевски и Љамчевски, а велешани само намалија преку Николовски.

Ренова беше подобра од Скопје (2:0), а бодовите ги обезбедија Борја во 64 и Јусуфи во 85 минута.

Табела: Шкупи 72 бодови, Академија Пандев 64, Шкендија 59, Македонија ЃП 57, Струга Трим Лум 46, Ренова 45, Брегалница Штип 45, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 14.

Треба да знаете
Последни објави