Search

Драматично на „Керамика“ – Севилја спаси поен кај Вилјареал во 96. минута од мечот

Вилјареал и Севилја одиграа драматично 1:1 реми на „Керамика“ со два гола во последните минути од мечот, резултат со кој гостите не успеаја да обезбедат сигурно место во Лигата на шампионите следната сезона.

По првото неинтересно полувреме, во второто следуваа многу возбудувања – прво беше поништен голот на Ел Несири во 54. минута поради офсајд, по што во 86. минута, „жолтата подморница“ дојде до водство преку Џовани Ло Селсо. Кога се чекаше крај на мечот, Жил Кунде во 96. минута освои поен за Севилја.

Вилјареал сега има два поени заостанување зад Реал Сосиедад на шестото место во Ла лига, кое води во Лига Европа. Севилја се трети со 65 поени, четири пред Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави