Search

Алкарас со тениска лекција за Зверев во Мадрид

Младиот шпански тенисер Карлос Алкарас стана најмладиот шампион во историјата на АТП Мастерсот во Мадрид, и тоа е сосема заслужено со оглед на квалитетот и формата која ја прикажа во финалниот меч против Александер Зверев.

Шпанецот буквално му одржа тениски час на повозрасниот Саша и го декласираше со 6:3 и 6:1, па во меч кој немаше никаква тениска возбуда, покажа дека игра неверојатно добро.

Најдобар доказ за тениската лекција е тоа што мечот траеше само еден час и две минути, што доволно говори колку беше еднонасочно ова финале во Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави