Џафери на конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Тирана

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе престојува во Тирана каде што ќе учествува на 18. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ).

Како што соопшти собраниската прес-служба, на редовната конференција, што годинава се организира од страна на Собранието на Албанија, како земја претседавач на ЈЈИ, покрај Џафери, ќе присуствуваат и претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола првиот човек на словенечкиот Државен збор, Игор Зорчиќ, потпретседателот на италијанскиот Претставнички дом, Еторе Розато, претставници на грчкиот Парламент и на Високиот генерален совет на Сан Марино, како и генералниот секретар на ЈИИ, Џовани Кастеланета.

Во текот на конференцијата, учесниците ќе расправаат на две теми: „Европска интеграција: Западен Балкан, додадена вредност на Јадранско – Јонскиот регион и на Европската Унија” и „Културата и туризмот како приоритет во соработката меѓу земјите од ЈИИ.”

Треба да знаете
Последни објави