Со масовна мобилизација Путин може да направи грешка што ќе предизвика револуција во Русија

Актуелна тема деновиве се плановите на рускиот претседател Владимир Путин околу прославите на Русија за Денот на победата в понеделник. Според Украина, тој ќе ја искористи годишната комеморација на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија за да соопшти масовна мобилизација на неговите резерви, пишува Скај Њуз.

Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев сугерира дека постои реална можност претседателот да се одлучи за таква опција – што според него, би било тешка грешка со можни далекусежни последици за лидерот.

– Судејќи според природата и навиките на Путин, јас би ја проценил можноста тој да декларира масовна мобилизација на 9 мај, на 20 отсто. Тој може да ги подигне влоговите на големо за ПР ефект и за зајакнување на неговиот легитимитет. Но, како и да е, најверојатно би било тешка грешка. Путин апсолутно може да декларира масовна мобилизација. Но, тоа ќе биде спроведено во ситуација на речиси никаква инфраструктура и речиси никакви организациски капацитети за таква мобилизација и во рамките на воена доктрина што ефективно ја исклучува можноста за таква мобилизација, појаснува Галев.

Како што тој смета, во случај на целосна мобилизација, „ние би имале преполни касарни и објекти за обука со огромен број од недоволно мотивирани регрути под слабо раководство”.

– И овие регрути знаат, ќе бидат испратени во Украина, каде, најверојатно, ќе бидат КИА (убиени во акција/killed in action). Тоа е револуционерна ситуација. Сега, би ја проценил можноста за *успешен* масовен револт во Русија, близу до нула. Во случај на масовна мобилизација, ќе се зголеми до небото. Ќе има тони вооружени луѓе со непосреден личен интерес за соборување на режимот, истакнува Галев. 

Треба да знаете
Последни објави