Јуве загуби добиен натпревар против Џенова

Екипата на Јувентус имаше предност скоро цело второ полувреме против Џенова, но ја испушти во самиот финиш (1-2) и така им даде шанса на популарните „грифони“ да бијат битка за опстанок до финишот на првенството.

Потегот на натпреварот го изведе аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала. Офанзивецот за кој се пишува на големо дека си заминува од Јувентус по крајот на сезоната се запиша во листата на стрелците на стартот на вториот дел. Се играше 48. минута кога Дибала доби топка од Кин и пласираше перфектно од пред казнениот простор во спротивникот агол на голманот Сиригу.

Многумина очекуваа победа на Јувентус, меѓутоа следеше шокантен пресврт во последните минути од мечот. Прво, Џенова успеа да изедначи во 87. минута преку Гудмунсон, а во 96. минута домашниот тим доби пенал преку Кришито ја чекира изненадувачката победа против еден од најтрофејните клубови во Европа.

Треба да знаете
Последни објави