Интер пак на врвот, губеше 0-2 но го победи Емполи

Екипата на Интер останува во трката за „скудетото“ во Серија А. „Нераѕурите“ на домашен терен го победија Емполи (4-2), го презедоа првото место и го префрлија притисокот кон градскиот ривал Милан кој сега е на потег.

Избраниците на Симоне Инзаги до победата дојдоа по потежок пат. Мораа да прават пресврт, затоа што губеа со два гола поради лошиот старт на „Џузепе Меаца“ и блесокот на Емполи во нешто повеќе од петнаесетина минути. Сепак, на крајот работите си дојдоа на место за фаворитот и сега се чека кикс на Милан.

Дуелот во Милан се отвори уште во 5. минута кога поранешниот играч на тимот Пинамонти даде гол за Емполи. Се играше 10. минута кога погоди Зурковски за 0-2, но голот беше поништен со ВАР поради офсајд, арно ама Емполи во 28. минута пак го најде патот го мрежата на Хандановиќ преку Аслани за голема позитива.

Интер почна да игра во свој стил пред финишот на првото полувреме. Прво, во 40. минута Ромањоли си постигна автогол, а потоа во 45. минута по една промашена шанса реализира Лаутаро Мартинез по асистенција на Чалханоглу, На пресвртот се чекаше до 64. минута, кога Лаутаро даде втор гол, за 3-2 и најава за големата победа на бранителот на тронот во италијанското калчо. Во самиот финиш, Алексис Санчез ги постави конечните 4-2.

Интер во следното коло гостува кај Каљари, додека Емполи ќе се соочи со залетаната Салернитана.

Треба да знаете
Последни објави