(Видео) Адеми: Навивачите ми даваат сила

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е херојот на хрватскиот првак Динамо Загреб во дербито од националниот шампионат против Ријека (1-2). Капитенот на „модрите“ во 86. минута го постигна победничкиот гол и го прослави бурно пред навивачката група на домаќинот – „Армада“. По натпреварот Адеми објасни зошто се одлучил за ваков потег.

-Овде секогаш има наелектризирана и негативна. Никогаш никаде не сум го доживеал тоа. Навивачите ми даваат сила, порача Адеми за Хрватското радио и додаде:

-Имавме проблеми на почетокот од натпреаврот. Рано примивме гол. Знаевме дека Риека е многу опасна во контранападите, но на крајот го подигнавме нивото на играта и мислам дека заслужено победивме. Ова е важна победа во борбата за титулата, но ќе биде тешко до крајот и секој бод ќе биде важен. На крајот би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи, многу ни е полесно кога имаме ваква поддршка, истакна капитенот на Динамо Загреб.

Бранителот на титулата Динамо сега има два бода повеќе од Осиек со натпревар помалку и седум бода повеќе од Хајдук. Риека е четвртопласирана на табелата со осум бода помалку од лидерот Динамо Загреб.

Треба да знаете
Последни објави