Search

Непријатен пораз за Наполи во борбата за Скудетото (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 32 коло во Серија А составот на Наполи на домашен терен загуби од Фиорентина со 2:3. После првото полувреме на стадионот во Неапол водеа „виолетовите“ со голот на Гонзалез во 29 минута од средбата.

Само две минути од неговото влегување во игра, резултатот го израмни Мертенс после асистенцијата на Осимхен. За период од шест минути гостите нови два гола преку Иконе во 66 и Кабрал во 72 минута.

За домашниот состав од 80 минута како замена за Инсиње настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но тоа не смени ништо на теренот. „Наполитанците“ само успеаја да го ублажат поразпт преку Осимхен.

Тимот на Лучано Спалети е на третата позиција со 66 бодови од 32 натпревари, зад Милан (67) и Интер (66) кои имаат по еден меч помалку. Фиорентина е седмопласирана со 53 бодови.

Удинезе стигна до втората победа во низа откако славеше на гостувањето кај Венеција со 1:2. За екипата од Удине на клупата беше нашиот напаѓач Илија Несторовски, но не доби минутажа.

Удинезе е на 12 место со 36 бодови, додека Венеција е на 18 место со 22 бодови. Сасуоло триумфираше над Аталанта (2:1), додека Лацио убедливо ја надигра Џенова.

Треба да знаете
Последни објави