Search

Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија

Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа“ за Русија.

Таа додаде дека Русија ќе се соочи со дополнителни санкции поради нејзината инвазија.

– Самиот Путин рече дека овие санкции наметнаа невидени трошоци за руската економија, а нашата улога е да продолжиме да ја зајакнуваме Украина на бојното поле – рече таа.

Бедингфилд рече дека во моментов нема планови за комуникација меѓу Џо Бајден и неговиот колега, рускиот претседател Владимир Путин.

Треба да знаете
Последни објави