Search

Столе Димитриевски доби мурал во Куманово

Голманот на Македонската фудбалска репрезентација, кумановецот Столе Димитриевски доби мурал во својот роден град Куманово изработен од Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски преку нивното уметничко здружение.

„Браво за креативноста на двајцата уметници Младен и Дејвид кои на креативен начин дадоа поддршка за нашиот Столе, за фудбалерите и за целата македонска фудбалска репрезентација која утре вечер ќе се натпреварува со Португалија. Македонија има спортски херои со кои треба да се гордееме. Верувам во нив и им посакувам многу успех“, рече Димитриевски.

Димитриевски информира дека утре (вторник, 29.03.2022 година) со почеток од 20:30 часот на градскиот плоштад на видео-бим граѓаните ќе можат да го проследат натпреварот со Португалија.

„Ве повикувам сите заеднички да го проследиме натпреварот со Португалија и да навиваме за наша Македонија! Посакувам многу успех на македонската репрезентација и да победиме. Направете не повторно горди Македонци!“, изјави Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави