Search

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на преносот за доделување на Оскарите

Најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки. Од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џада Пинкет може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и му удри шлаканица на сцената.

Кавгата продолжи и со пцовки од страна на Вил Смит, на што публиката остана шокирана, мислејќи отпрвин дека се работи за шега, но кога Вил Смит почна гласно да го пцуе Крис Рок, на сите им стана јасно дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка на сцената. Снимката брзо стана вирална, зошто никој не очекуваше ваков испад на актерот и немаа време да реагираат на пцовките кои за првпат се слушнаа на Оскарите без цензура.

Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.

Дури и луѓето во режијата немаа време да регираат зошто никој не очекуваше шлаканица среде пренос, а најмалку Крис Рок. За време на рекламите, актерите Дензел Вашингтон и Тајлер Пери го смируваа Вил Смит и сопругата Џада која беше видно потресена и плачеше, а по неа се расплака и нејзиниот сопруг.

Подоцна, откако го доби својот Оскар за главна машка улога во филмот „Кралот Ричард“, Вил Смит се извини низ солзи за постапката.

Но, на социјалните мрежи не престануваат да го осудуваат делото на Вил Смит и апелираат дека Академијата поддржува насилство и дека требало веднаш да го отстрани актерот од доделувањето.

Треба да знаете
Последни објави