Search

Загрижувачки резултати: Во човечка крв откриени пластични микрочестички од шишиња и пластични кеси

Научниците од Универзитетот во Амстердам во Холандија за прв пат открија микропластика во човечка крв, при што вакви честички се пронајдени кај 80 отсто од тестираните луѓе.

Експертите анализирале примероци од крв од 22 анонимни дарители, од кои сите биле здрави возрасни лица, и идентификувале пластични честички кај 17 луѓе. Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која вообичаено се користи во шишиња за пијалоци, а третина содржела полистирен, кој се користи за производство на пакување за храна и други производи. Една четвртина од примероците од крвта содржеле полиетилен од кој се направени пластични кеси.

Научниците сè уште не можат со апсолутна сигурност да кажат какво влијание има микропластиката врз здравјето на луѓето.

Сепак, загрижувачки е тоа што постојат докази дека микропластиката во лабораториски услови предизвикува оштетување на човечките клетки. На ова треба да се додаде фактот дека честичките од загадениот воздух влегуваат во телото и предизвикуваат милиони прерана смрт секоја година. Покрај тоа, докажано е дека луѓето консумираат ситни честички во храната и водата, како и ги вдишуваат …

Една неодамнешна студија покажа дека микропластиката може да се „закачи“ на надворешната мембрана на црвените крвни зрнца и да ја ограничи нивната способност за транспорт на кислород. Честичките се пронајдени и во плацентата на трудниците, а кај бремените стаорци тие брзо патуваат низ белите дробови до срцето, мозокот и другите органи на фетусот.

Треба да знаете
Последни објави