Search

Интер има намера да го задржи Перишиќ

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, не крие дека клубот сака Иван Перишиќ да остане во клубот. Договорот на Перишиќ со Интер истекува за три месеци.

Перишиќ, со исклучок на сезоната 2019/20 која ја мина на позајмица во Баерн, го носи дресот на Интер од 2015 година.

Марота открил дека Интер на фудбалерот му нуди договор на две сезони. Доколку ја прифати понудата Перишиќ ќе заработи 10.000.000 евра.

Периш во кариерата одиграл 243 натпревари за Интер, постигнал 50 голови и забележал 44 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави