Search

Рејчел Зеглер поканета на „Оскарите“ по реакциите

Рејчел Зеглер ќе оди на „Оскарите“. 20-годишната ѕвезда ги изненади фановите минатиот викенд кога откри дека нема да присуствува на претстојната церемонија на доделување „Оскари“ и покрај тоа што има главна улога во „Прикзна од западната страна“, кој доби номинација за најдобар филм.

Но актерката, која моментално е во Лондон каде го снима Дизниевиот римејк на „Снежана“, е воодушевена што е побарано да презентира награда на церемонијата в недела (27 март), што значи дека ќе биде во театарот Долби во Лос Анџелес за да навива за својот филм.

Таа напиша на Твитер: „Не можам да верувам дека го кажувам ова, но… се гледаме в недела! Апсолутно неверојатниот тим на Disney и нашите продуценти направија вистинска магија за да можам да отпатувам во САД, и јас сум воодушевена што ќе можам да бидам со тимот на West Side Story на Оскарите“.

Рејчел претходно откри дека не била поканета на настанот, кога беше запрашана од некои фанови што ќе облече в недела. „Не сум поканета, па затоа, најверојатно ќе бидам во тренирки пред телевизор. Се надевам дека ќе се случи некое чудо во последен момент и ќе можам лично да го прославам нашиот филм.“

Исповедта предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што фановите истакнаа дека Тони Хок и Шон Вајт биле поканети како презентери на наградите, додека Рејчел ќе ја следи церемонијата од дома.

Треба да знаете
Последни објави